Murat Demirci
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
НИКОЗИЈА (АА) - Во акција против терористичката организација ФЕТО во Турската Република Северен Кипар (KKTC) приведени се девет полковници, јавува Anadolu Agency (AA).
Приведените воени лица со хеликоптери се префрлени во Анкара.
Воени извори истакнуваат дека акцијата е спроведена во рамките на командата на безбедносните сили и на турските мировни сили на Кипар, при Вооружените сили на Турција (ТСК).
Во работните простории и во просториите каде што престојувале извршен е претрес.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, покрај низата кривични активности и повеќето обиди за нарушување на уставниот поредок на Турција, одговорна е за обидот за државен удар во земјата на 15 јули 2016 година.