Emin Avundukluoğlu
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Девет терористи на ДЕАШ се неутрализирани во северниот дел на Сирија во текот на последните 24 часа, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, истакна денес турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Според денешното соопштение објавено од страна на турскиот Генералштаб, вкупно 186 позиции на ДЕАШ вклучувајќи засолништа, одбранбени позиции, контролни и командни центри, оружје и возила се погодени со хаубици, тенкови и повеќеракетни лансери.
Исто така, во соопштението се додава дека турските авиони уништиле 12 други позиции на ДЕАШ вклучувајќи и контролна точка во воздушните напади на Ал Баб и подрачјето на Бзагах.
Турската армија им дава поддршка на борците на Умерената сириска опозиција во ослободувањето на Ал Баб - стратешки град за ДЕАШ, од рацете на терористичката група.
Операцијата е дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, предводена од Турција, која започна кон крајот на август со цел подобрување на безбедноста, поддршка на коалициските сили, како и елиминирање на заканата од тероризмот долж турската граница, заедно со борците на Умерената сириска опозиција поддржани од турската артилерија и авиони.
Од почетокот на операцијата на 24 август, деминирани се вкупно 2.927 импровизирани експлозивни направи и 43 мини.