Meltem Bulur
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, денеска ја коментираше изјавата на гласноговорникот на Министерството за надворешни работи на САД, Марк Танер кој рече дека во мировните преговори за Сирија треба да се вклучи и ПЈД, кажувајќи дека „во тој случај, САД нека ги повика и ДЕАШ", јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу говореше на прес-конференција во рамките на 9. Конференција на турските амбасадори, која се одржува во главниот град Анкара. Во таа прилика се осврна и на актуелните случувања.
Ја прокоментира и изјавата на гласноговорникот на Министерството за надворешни работи на САД Марк Танер кој рече дека во мировните преговори за Сирија треба да се вклучи и ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК.
„Во тој случај, САД нека ги повика ПДЈ. Ние со Русија го делиме мислењето за повикување на САД на преговорите. Разговаравме со Лавров и ќе ги повикаме САД. Ќе бидат во Астана. Не ја отфрламе улогата и придонесот на САД. Но, она што го очекуваме од новата американска администрација е да ја прекине соработката со терористичката организација. Ако ќе ја повикате една терористичка организација, тогаш повикајте ја и Ал-Нусра, повикајте ги и ДЕАШ", рече Чавушоглу додавајќи дека такво нешто е неприфатливо.
Порача дека за Турција е неприфатливо еден нејзин сојузник и стратешки парнер да пружа поддршка на терористички организации.
„Во таа смисла, ЈПГ нема да биде во Астана", аклучи шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.