Emin Avundukluoğlu
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Началниците на генералштабите на војската на САД и на Република Турција, Џозеф Данфорд и Хулуси Акар, се состанаа во Вашингтон и разговараа за ситуацијата во Ирак и во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на воените челници присуствуваа и директорот на Турската разузнавачка служба (MIT) Хакан Фидан и Ибрахим Калин, портпаролот на турското Претседателство.
Од Генералштабот на турската војска за АА е потврдено дека станува збор за состанок кој двете делегации го организирале во пресрет на престојната посета на турскиот претседтел Реџеп Таип Ердоган во Вашингтон.
Турската и американската делегација разговараа за билатералните прашања, но и ситуацијата во Ирак и во Сирија кои се зафатени со војна.