Hakan Çopur,Safvan Allahverdi
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Хакан Чопур/ Сафван Алахверди
Екипата на Anadolu Agency (AA) во сојузната американска држава Вирџинија го сними Емре Услу, пребегнатиот член на терористичката организација ФЕТО, за кој е распишана потерница.
Услу е снимен во близина на својата куќа во градот Феирфакс, но во таа прилика не сакаже да одговара на прашањата на новинарот на АА во врска со обидот за пуч на 15. јули. Освен што одби да одговара на прашањата, Услу и се закануваше на екипата на АА дека ќе повика полиција.
Новинарот на АА го запраша како го коментира фактот дека голем број членови на ФЕТО во Турција се изведени пред лицето на правдата, додека тој слободно се шета во САД. Услу не сакаше ниту тоа да го коментира и видно нервозен и напнат со телефон започна да ја снима екипата на АА.
Потоа, Услу седна во автомобил и се оддалечи, а кратко потоа, пак се врати во придружба на уште еден автомобил. Новинарот на АА повторно го праша: „Зошто сте гласноговорник на оние кои се обидоа да го изведат пучот на 15 јули?", на што тој рече: „Дали дојдовте да ме вознемирувате", и повторно се оддалечи.
Услу покасно преку социјалната мрежа Твитер го објави материјалот кој го снимил телефонски и изнесе различни навреди кон АА.
За Емре Услу, поранешен полицаец и новинар, во Турција е распишана црвена потерница. Услу моментално предава на Интернационалниот универзитет во Вирџинија, за кој се смета дека е поврзан со терористите на ФЕТО. Услу во Феирфакс живее во луксузна куќа, која 2015. година ја купил за 370 илјади долари.
Екипата на АА претходно, поради добивање на информации го посети универзитетот на кој предава, но Услу повика обезбедување и бараше новинарите да се оддалечат од зградата.
Услу се наоѓа на листата со бројни други припадници на ФЕТО на кои судењето ќе им започне на 19. јуни, а тие се теретат дека порано знаеле за обидот за пуч од 15 јули 2016. година.
Услу, како и на поранешниот главен и одговорен уредник на весникот Заман, Екрем Думанли и други лица се обвинети за кривични дела како што се „Обид за рушење или спречување на работата на турскиот парламент" и „Обид за рушење на уставниот поредок во земјата".