Turgay Duyar
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
МАНИСА (АА) - За кинење и уништување на заштитената врска лале (тулипан) наречена „Tulipa orphanidea” предвидена е парична казна од 42.479 турски лири (околу 11.000 евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Овој вид на лале расте во Националниот парк на планината Спил во турската област Маниса. Растението почнува да цвета со растот на температурата. Турските власти преземаа мерки за заштита на ова цвеќе, чие размножување е загрозено бидејќи несовесните граѓани го кинат неговиот цвет и ја ископуваат луковицата.
Официјално лице од Министерството за шумарство и води во Маниса, Угур Бајил за АА изјави дека преземаат активност во ворска со спеменатата врска лале.
Според неговите зборови, ова цвеќе расте на 9 локалитети во националниот парк.
Бајил, предупредувајќи на зголемените парични казни, рече:
„Не треба да се кинат цветовите, ниту да се ископува луковицата на ова лале кое е симбол на Маниса. Наместо тоа, можете да ги фотографирате во нивната природна средина и да допринесете за нивната презентација”, рече Бајил, кој додаде дека има се помалку примероци од ова цвеќе на кое му прети исчезнување.
Споменетиот национален парк се протега на површина од 6.694 хектари и е дом на 78 регистрирани ендемски врсти.
Ова цвеќе, освен во Турција, воглавно во нејзините западни делови, може да се најде и во европските земји.
По прогласувањето на планината Спил за национален парк во 1968 година, и оваа врта лале е прогласено за заштитен вид. Света една ш годишно, вогалвно во март и април, а може да издржи и температуци до 15 степени под нулата.