Erkan Avci,Kasım İleri
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Начелник на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, генерал Хулуси Акар, во текот на состанокот со генералот Џосеф Данфорд, началникот на Здружениот штаб на американската војска, разговараше, меѓу другото, и за операцијата на ослободување на Мосул од ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во текот на средбата се разговараше и за операцијата Мосул, при што посебно е нагласено дека на цивилите не смее да им биде нанесена штета во текот на операцијата", се наведува во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција.
Состанокот помеѓу Акар и Данфорд е одржан во зградата на амбасадата на Турција во Вашингтон, а траеше околу два часа.
Двајцата функционери разговараа за последните случувања во Сирија и Ирак.
Инаку, Акар се наоѓа во Вашингтон, по повод состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите кои учествуваат во меѓународната коалиција во борбата против терористичката организација ДЕАШ.