Zafer Fatih Beyaz
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
КАЈСЕРИ (АА) – Началникот на ГШ на турската армија, генерал Хулуси Акар изјави: „Сепаратистичката терористичка организација користејќи се со предавнички методи е во паника да опстане, откако не успеа да излезе на крај со нашите херои командоси загуби многу како резултат на операциите“, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералот Акар ја посети бригадата на командоси во касарната Генерал Веџихи Акин во Кајсери, чиишто 14 војници загинаа во вчерашниот терористички напад. Акар беше пречекан со официјална церемонија.
Им беше одадена почит на загинатите, а по интонирањето на химната Акар им се обрати на војниците од бригадата.
„Овде сум заедно со командантот на копнените сили да ја споделам длабоката тага поради вчерашниот подол и предавнички терористички акт во којшто загинаа нашите херои“, рече тој.
Акар потенцираше дека Првата командантна бригада на Кајсери има голем удел во задавањето на големиот удар врз сепаратистичката терористичка организација, со активности во борбата против тероризмот, кои траат веќе 30 години.
„Сепаратистичката терористичка организација користејќи се со предавнички методи е во паника да опстане, откако не успеа да се справи со нашите херои командоси и загуби многу како резултат на операциите“, рече Акар.
Тој нагласи дека, крвавите напади нема да ги заплашат и додаде: „Националната гордост – првата командантна бригада, нашите херои командоси, ја завршија задачата и како и во минатото, така и во иднина со упорност и решителност ќе продолжат да си ги извршуваат задачите. Вие, посветени војници секогаш бевте подготвени за вашите задачи, кога и да имаше потреба нашиот народ.“
„Секогаш стоевте исправено за нашето знаме, кое е олицетворение на вековната историска слава, да се вее слободно на небото. Ќе продолжиме со борбата сè додека не го неутрализираме и последниот терорист, заедно со поддршката на нашиот народ и инспирацијата од нашата историја“, продолжи Акар.
Нашата чесна должност е да се бориме неуморно под секакви услови без страв, како чувари на денешнината и иднината на нашиот народ. Оттука сакам да изразам сочувство до семејствата на загинатите во вчерашниот предавнички напад, а на повредените им посакувам поскоро закрепнување“, рече Акар.