Zafer Çakmak
17 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
КАЈСЕРИ (AA) - Најмалку 13 турски војници загинаа, а 48 се ранети во утринскиот бомбашки напад во турскиот град Кајсери, потврдено е од турскиот Генералштаб, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во нападот со автомобил бомба, до кој дојде околу 8.45 часот по локално време на возилото во кое се наоѓаа војници загинаа најмалку 13, а ранети се 48 војници", наведено е во соопштението од Генералштабот на војската на Република Турција.