Yıldız Aktaş
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи Сојлу: во врска со терористичкиот напад во Кајсери изјави: „Се спроведува истрага во врска со настанот. Досега се приведени 7 лица, а во тек е потрага по 5 лица”, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека во нападот загинаа 13 лица, а 56 се ранети.
„Судската медицина потврди дека се загинати 12-мина. Еден загинат е во универзитетската болница. И тој наскоро ќе биде префрлен во судска медицина. Имаме 13-мина загинати. Во болница имаме уштe еден ранет, со што вкупната брoјка на ранети изнесува 56. Од нив 12-мина се на интензивна нега, додека 4 лица се во критична осотојба”, рече министерот Сојлу.