Ekip
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Премиерот на Турција Јилдирим, по посетата на гувернерот на Кахараманмараш, даде изјава во врска со терористичкиот напад во Кајсери, јавува Anadolu Agency (AA).
Преиерот Јилдирим соопшти дека во утринските часови чсови во Кајсери се случил терористички напад со возило-бомба со кое управувал самоубиец, и кој ги имал за цел војниците од бригадата на командоси од командата во Кајсери кои го користеле својот неделен излез во град.
„По овој подол терористички акт имаме загинати и ранети војници. Продолжува лекувањето на војниците”, рече премиерот Јилдирим.
Турскиот премиер Јилдирим рече дека по нападот, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за здравство Реџеп Акбаг, минисерот за животна средина и просторно планирање Мехмет Озхасеки и министерот за национална одбрана Фикри Ишик отпатувале за Кајсери, каде продолжува истрагата.
- „Убивањето на невини луѓе е исто како да го убивате човештвото”
Премиерот Јилдирим кој одговараше на прашањата на нивинарите, на прашањето „Дали планирате да го откажете плановите?”, одговори: „Зошто да го откажеме планираното? Немаме намера уште повеќе да ги израдуваме терористите”.
Како и да се вика, како и да се маскиран, со кои и да е лик претставен, за тероризмот преиерот Јилдирим рече дека е подлост и злосторство против човештвото.
„Убивањето на невини луѓе е исто како да го убивате човештвото. Но терористичката организација треба да го знае дека духот на Чанакале, духот на независнот во потполност постои кај овој народ. Овие напади нема да ја ослабат борбата на народот и државата против тероризмот, туку напротив, само ќе се зголеми. Добро е тоа да се знае. Затоа ќе ја спроведам програмата. Тука сум во Кахраманмараш, и уште еднаш од родното место на внуците на Сутчу Имам, сите заедно ќе им ја испратиме потребната порака на тие подлеци”, рече премиерот Јилдирим.