Ömer Yasin Ergin
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
МАРДИН (АА) - Терористите на ЈПГ/ПКК од окупираните територии во Сирија пукаа во зградата во која се сместени новинарите во местото Нусајбин во Мардин. Во нападот полесно се ранети двајца новинари на Аnadolu Аgency (AA).
Во тек е операцијата „Извор на мирот“ започната од Турските вооружени сили и Сириската национална војска против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во северниот дел на Сирија, со цел уништување на обидот за формирање терористички коридор долж јужната граница на Турција и воведување мир и спокој во тој дел од Сирија.
Од местото Камишли сместено во северниот дел на Сирија, окупирано од терористичката организација ЈПГ/ПКК, пукано е кон местото Нусајбин на турска територија.
Од куршумите испукани кон зградата во која се сместени новинарите, од парчињата распрскано стакло од прозорците полесно се повредени двајца новинари на АА, Омер Јасин Ергин и Ахмет Каплан.