АНКАРА (АА) - Откако во средата започна турската операција „Извор на мирот“, чија цел е да придонесе за воспоставување мир и безбедност во северна Сирија, како и оневозможување на терористичкиот коридор што терористите на ЈПГ/ПКК сакаат да го формираат јужно од границата со Турција, поддржувачите на терористичката организација започнаа со манипулирање и ширење дезинформации на социјалните мрежи.
Anadolu Agency (АА) разоткри повеќе такви случаи.
Профилите блиски до терористичката организација објавуваат фотографии од напади на Асадовиот режим за време на граѓанската војна во Сирија, од Јемен, Газа, како и фотографии од злосторства извршени во минатото во различни делови на светот, ставајќи им опис како да станува збор за настани од тековната турска операција „Извор на мирот“.
Така, на еден профил, само неколку минути по почетокот на турската операција „Извор на мирот“, објавени се фотографии од злосторства од минатото со тврдење дека станува збор за претходните операции на Tурската војска, „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“. Под споменатите фотографии напишано е: „Ова е она што Турција го направи претходно, зарем мислите дека тоа нема да го направи пак?“. Станува збор за автентични фотографии од масакрот во Хоџали (Нагорно-Карабах) во текот на 1990-тите години.
- Турското знаме со фотомонтажа вметнато на тенк во Јемен -
Симпатизерите на терористичката организација користеа и фотографија на која е запален тенк на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, што го запалиле јеменските сили во текот на 2018 година. На тенкот што се наоѓа на фотографијата со фотомонтажа вметнато е знамето на Република Турција, и е пласирано како да е снимен за време на операцијата „Извор на мирот“.
Фотографијата направена во Газа во јули 2014 година, на која се гледа како гори израелски тенк, исто така е објавена со тврдење дека станува збор за турската воена операција.
На еден од споменатите профили објавена е фотографија од мајка која ги гушка своите две деца. Ова е фотографија направена во 2014 година за време на војната во Сирија, и нема никаква врска со операцијата „Извор на мирот“.
Фотографијата забележана во болница, на која можат да се видат сириски деца повредени во нападот врз Идлиб во јули годинава, беше објавена на профилите блиски до терористите под наслов: „Најнови фотографии од нападите на Турската војска“.
Фотографијата од дете со крваво лице повредено во Идлиб во текот на воздушниот напад на руските авиони, забележана на 16 август 2016 година, пред меѓународната јавност е претставена како „случај“ за време на операцијата „Извор на мирот“.
Уште еден обид за манипулирање е и фотографијата на Сириец кој го носи телото на убиено дете, а станува збор за фотографија забележана во Алепо, во мај 2014 година.
- Слични методи користени и во текот на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ -
Симпатизерите на терористичката организација со овие методи се користеа и во текот на турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“. Фотографиите на воените репортери од различни делови на светот ги пласираа во контекст на споменатите операции, на тој начин ширејќи дезинформации и манипулирајќи ја јавноста.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кажа дека целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката операција ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.
news_share_descriptionsubscription_contact
