Havva Kara Aydın
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа четворица терористи на ПКК долж границата со Иран во операција поддржана од воздух, се соопштува од турското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Четворица терористи на ПКК беа фатени од страна на нашите командоси долж иранската граница и беа неутрализирани во успешна операција поддржана од беспилотни летала“, се соопштува од Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.