свет

Ракетните напади меѓу Израел и Иран продолжија и во текот на ноќта

Израелските воздухопловни сили извршија воздушни напади врз рафинериите за нафта во главниот град на Иран, Техеран

Aida Cako  | 18.06.2025 - Обновена : 18.06.2025
Ракетните напади меѓу Израел и Иран продолжија и во текот на ноќта Фото: Mostafa Alkharouf/АА

СКОПЈЕ (АА) – Размената на ракетни и воздушни напади меѓу Иран и Израел продолжи интензивно во текот на ноќта, со нови ескалации на насилството што ги потресуваат двата главни града – Техеран и Тел Авив, јавува Анадолу.

Израелските воздухопловни сили извршија воздушни напади врз рафинериите за нафта во главниот град на Иран, Техеран, објавија израелските медиуми. Нападите следуваа по издаденото предупредување за евакуација од страна на израелската војска, која предупреди на претстоен силен воздушен удар во пошироката област на престолнината.

Дополнително, Израел го нападна и Универзитетот „Имам Хусеин“ во североисточниот дел на Техеран, што се смета за стратешки значајна институција поврзана со иранските безбедносни структури.

Од иранска страна беа лансирани нови ракети кон Израел, со проектили забележани на небото над Тел Авив, како и над градот Витлеем во окупираниот Западен Брег.

Според Иранската револуционерна гарда, нивните операции ќе продолжат на „одржлив, сложен, повеќеслоен и постепен“ начин.

Израелската Армија соопшти дека детектирала нови ракетни лансирања од територијата на Иран.

Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се загинати, а стотици повредени во иранските ракетни напади од петокот.

Иран, од своја страна, соопшти дека најмалку 585 лица се загинати, а над 1.326 се ранети во израелските напади.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın