Ethem Emre Özcan
09 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Режимот на Башар ал Асад истакна дека Израел извршил напади врз главниот град на Сирија, Дамаск, и покраината Хомс во централниот дел на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на новинската агенција на режимот на Асад, САНА, се тврди дека Израел извршил напад врз Дамаск.
„Нашите системи за противвоздушна одбрана нè бранат од непријателските цели што му припаѓаат на Израел“, се наведува во веста.
Режимскиот телевизиски канал „Ел-Ихбарије Ес Сирија“ исто така тврди дека Израел извршил сличен напад врз Хомс од правец на либанскиот воздушен простор.
- Израел не даде изјава во врска со нападот -
Во Дамаск и Хомс покрај Армијата на режимот има и воени точки што им припаѓаат на странски терористички групи под команда на Иранската револуционерна гарда.
Режимот на Асад соопшти дека Израел извршил воздушни напади врз Дамаск на 17 март, 15 и 28 февруари, врз областа Кунејтра на југот на земјата на 4 февруари, врз Деир ез Зор во источна Сирија на 13 јануари и на југот на главниот град Дамаск на 7 јануари.