Ahmet Nurduhan
28 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
САРАЕВО
Во Босна и Херцеговина се приведени двајца поранешни српски војници обвинети за воени злосторства за време на војната во Босна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина, двајцата приведени поранешни војници се обвинети за убиство на цивили муслимани во градот Рогатица за време на војната во Босна.
Наведено е дека двајцата осомничени разделиле 16 мажи од жените во градот Рогатица ги однеле на непознато место, а потоа за тие лица немало никакви информации.
Двајцата осомничени биле членови на Војската на Република Српска во периодот од 1992 до 1993 година.
Меѓу обвиненијата се и организирање вооружен напад против локалното население во регионот Рудо во градот Рогатица во 1992 година, што претставува кршење на меѓународното право, засновано на религија и раса.
Одлуката за притворот на двајцата осомничени, кои се на распит, ќе ја донесе судот.
Босанската војна, што започна на 1 март 1992 година, траеше до 14 декември 1995 година.
За време на војната што траеше повеќе од три години, животот го загубија повеќе од 100.000 луѓе, а околу 2 милиони луѓе се принудени да мигрираат.