Mohamed Sabry Emam Muhammed
31 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
КАИРО (АА) - Најмалку двајца египетски полицајци се убиени во денешниот бомбашки напад што се случи на кризниот полуостров Синај, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано официјално лице од египетските безбедносни сили соопшти дека напаѓачите активирале експлозив на патот по кој поминувала полициската патрола, при што смртно настрадале двајца полицајци, а тројца се ранети.
Војската и полицијата започнаа потера по напаѓачите. Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Полуостровот Синај е средиште на чести напади врз египетските безбедносни сили уште од 2013 година, кога е симнат од власт Мухамед Мурси, првиот демократски избран претседател на таа земја.
За најголем дел од тие напади одговорност презеде терористичката организација "Welayet Sinai", која наводно е поврзана со ДАЕШ.