Gökhan Ergöçün
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турција за девет месеци изврши извоз на речиси 240.000 тони лешници, заработувајќи 1,5 милијарди долари, соопшти Унијата на извозници на лешници и производи од Црното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Унијата се вели дека обемот на извоз во периодот меѓу септември 2017 и мај 2018 година во однос на истиот период минатата година се зголемил за 26,1 отсто.
Според статистичките податоци на Унијата, и покрај зголемениот обем на продажба, вредноста на извозот се намалила за околу три отсто во однос на истиот период претходната сезона.
Речиси 75 отсто од извозот на лешници од Турција во овој период е реализиран во земјите на ЕУ, во износ од околу 1,1 милијарда долари.
Турција направи извоз на речиси 236.000 тони лешници и заработи 1,88 милијарда долари за време на целата сезона на извоз од септември 2016 до август 2017 година.
Турција е најголем извозник на лешници во светот.