Bedrudin Brlyavac
28 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
САРАЕВО (АА) - Луѓето во светот го видoa најдолгото затемнување на Месечината во овој век, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за феномен познат како Крвава Месечина, кој се случува кога Земјата се наоѓа меѓу Месечината и Сонцето. Тогаш Месечината добива прекрасна црвена или кафеава боја.
Целосното затемнување траеше еден час и 43 минути и е најдолго во овој век.
Овој несекодневен феномен најдобро можеше да се погледне од источниот дел на Африка, Блискиот Исток, Индија и од најзападниот дел на Кина.
Северна Америка и Гренланд се единствените места на светот, од коишто не можеше да се ужива во овој феномен.
Од американската Агенција за истражување на вселената (НАСА) изјавија дека ова затемнување на Месечината е 27 минути подолго од затемнувањето на „Суперсината, Крвава Месечина“, кое светот можеше да го види во јануари.