Ali H. M.Abo Rezeg
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
ГАЗА (АА) - „Малолетен Палестинец денес им подлегна на повредите добиени од оганот на Израелската армија во близина на границата на Појасот Газа“, велат локални медицински извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Муамен Фати ал Хамс (15) вчера беше застрелан во градите за време на протестите против израелската окупација во близина на безбедносните сили во источниот дел на Појасот Газа.
„Момчето почина денес како последица од ранувањето“, изјави изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Од палестинското Министерство за здравство сè уште не дадоа соопштение за смртта на момчето.
Со денешниот смртен случај, бројот на загинатите Палестинци за време на протестите изминатиот ден се зголеми на тројца.
Илјадници Палестинци од крајот на март протестираат на границата со Газа, со барање да се стави крај на израелската блокада и да се вратат протераните Палестинци. Во интервенциите на израелските сили се убиени повеќе од 150 демонстранти.