Adem Şalvarcıoğlu
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
ЛАКНАУ (AA) - Во силното невреме што ја зафати сојузната индиска држава Утар Прадеш загинаа најмалку 37 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Владата, Аваниш Авасти, го потврди бројот на загинати, наведувајќи дека невремето го зафатило поширокото подрачје на Утар Прадеш.
Тој предупреди и дека се очекува и посилно невреме кое ќе трае уште два дена. Во невремето што трае веќе три дена, урнати се сите покриви на некои станбени објекти, а поплавени се и куќи.
Во подрачјето на Агра се спасени повеќе од 500 лица. Забележани се и доцнења во железничкиот сообраќај.