Alaattin Doğru,Abdoulaye İbrahim Bachir
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
ДАКАР (АА) - Во Мопти, централното подрачје на африканската држава Мали, дојде до вооружен судир меѓу традиционалните ловци Дозо и припадниците на племето Фулани. Во судирот животот го загубија 17 лица од племето Фулани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во близина на градот Џене, во местото Сомена дошло до судир меѓу групата ловци Дозо и етничката заедница Фулани.
Во судирот животот го загубиле 17 лица од племето Фулани.
Се зголемуваат тензиите во Мали пред претседателските избори што треба да се одржат на 29 јули, недела.
И опозицискиот лидер Сумаила Сисе во текот на изминатата недела беше цел на напад за време на предизборната кампања во градот Тумбукту, во северниот дел на Мали.