Ekipa
21 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Научниците на американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) ја откри формулата за создавање вода на површината на Месечината, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на НАСА се наведува дека честичките носени со таканаречениот Сончев ветер удираат на површината на Месечината, и дека при одредена брзина се создаваат погодни услови за спојување на водородот и кислородот, елементи кои ја сочинуваат водата.
Експертите со компјутерска симулација прикажаа како при интеракцијата на протоните и електроните доаѓа до производство на атоми на водород, кои потоа се спојуваат со атомите на кислород кои при таа бурна реакција се издвојуваат од молекулите на SiO2 што се наоѓаат на тлото на Месечината.
Научниците тврдат дека за предизвикување на такви реакции за создавање на молекулот на хидроксилот OH или H2O потребно е наелектризираните честички да удираат на површината на Месечината со брзина од 450 километри на час.
При таквиот удар честичките предизвикуваат реакција на издвојување на кислородот од молекулите кои се во тлото на Месечината.
Физичарот на НАСА, Вилијам Фарел, изјави дека секое тло има потенцијал за производство на вода доколку биде изложено на ветровите од Сонцето.
Деталниот извештај на научното истражување е објавен во списанието „JGR Planets“.