Турција, наука и технологија

Турција споделува историски записи со 45 земји, меѓу кои и Северна Македонија

„Како дел од проектот завршен во Северна Македонија, добиени се слики од 130.000 документи, кои се директно поврзани со турската историја“

Sena Güler  | 21.02.2019 - Обновена : 22.02.2019
Турција споделува историски записи со 45 земји, меѓу кои и Северна Македонија

Ankara

АНКАРА (АА) - Турција потпиша протоколи за соработка со 45 земји за заедничко споделување на архивски податоци, јавува Anadolu Agencu (AA).

„Имаме потпишано протоколи за соработка со 45 земји од различни делови на светот за размена на податоци меѓу архивите“, изјави за АА директорот на турскиот Архив, Угур Унал.

Унал истакна дека напорите се насочени кон збогатување на Турција со историски записи во странство. „Турските архиви имаат важно место во светот.“

„[...] моќта што Турција ја стекна во последните години, и од политички и од економски аспект [на Балканот], ја олесни нашата работа за чување на записите“, рече тој.

„Турција денес може да донесе податоци за својата историја од Балканот“, додаде Унал.

Истакнувајќи дека напорите за меѓународна соработка се интензивирани во последниве години, Унал рече дека сите документи имаат големо значење.

„Околу 700.000 дигитални слики на документи се додадени во турските архиви од земји како Републиика Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Србија“, истакна Унал.

„Како дел од проектот завршен во Северна Македонија, добиени се слики од 130.000 документи, кои се директно поврзани со турската историја“, рече тој.

Во однос на големиот број документи кои се однесуваат на одредени економски, социјални и културни прашања, Унал рече: „Она што треба да го направиме е да ја собереме оваа историска меморија и да ја пренесеме на следните генерации.“

Тој истакна дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Министерството за надворешни работи покажале голема поддршка за проектите.

Земјите кои потпишаа протоколи за соработка со Турција се Република Северна Македонија, Албанија, Азербејџан, Бахреин, Босна и Херцеговина, Бугарија, Алжир, Кина, Етиопија, Мароко, Палестина, Грузија, Хрватска, Индија, Иран, Италија, Црна Гора, Катар, Казахстан, Киргистан, Турската Република Северен Кипар, Косово, Кувајт, Либија, Либан, Унгарија, Египет, Молдавија, Оман, Узбекистан, Пакистан, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Судан, Сирија, Саудиска Арабија, Татарстан, Тунис, Туркменистан, Украина, Јордан и Јемен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın