Büşra Nur Bilgiç
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 220 илегални мигранти се фатени низ Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во источната област Ван која граничи со Иран, жандармериските сили задржале 41 илегален мигрант кои на илегален начин влегле во Турција“, вели безбедносниот извор, кој зборуваше под услов на анонимност.
Безбедносните сили уапсиле две лица за кои постојат наводи дека се криумчари на луѓе.
Во друга операција во Егејското Море на крајбрежјето на Измир турската крајбрежна стража фати 46 мигранти во гумен чамец.
Безбедносните сили уапсија и 44 лица во гумен чамец на крајбрежјето на Кушадаси во областа Ајдин.
Околу 13 илегални мигранти од Палестина, Сирија и Јемен, се фатени од крајбрежната стража во Егејското Море на крајбрежјето на Мугла.
Безбедносните сили уапсија еден криумчар на луѓе.
Во јужната област Хатај безбедносните сили на границата со Сирија фатија 11 мигранти кои се обидувале илегално да влезат во Турција.
Едно лице осомничено за криумчарење со луѓе е фатено во оваа операција.
Во северозападната област Баликесир, жандармериските екипи фатија 37 илегални мигранти за време на редовно патролирање.
Околу 28 илегални мигранти во гумен чамец се фатени од страна на крајбрежната стража на брегот на северозападната област Едрене.
Сите мигранти се испратени во надлежните обласни центри за миграции.
Турција е главна рута за бегалците и мигрантите кои се обидуваат преку нејзината територија да преминат во Европа.
Според турското Министерство за внатрешни работи, над 265.000 илегални мигранти се фатени во Турција минатата година.