Ali Murat Alhas
22 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - „Турското обвинителство издаде налог за приведување на 295 активни воени лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година“, наведе анонимен извор од судот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во рамките на истрагата за инфилтрираноста на организацијата во турската Војска, обвинителите од Истанбул издадоа потерница за активни воени лица, осомничени за комуникација со членови на ФЕТО преку телефонски говорници и домашни линии“, соопшти изворот на информации. Тој додаде дека меѓу осомничените се наоѓаат и високо рангирани офицери, од кои 8-мина се мајори.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен кој живее во САД, за кого Турција побара да ѝ биде испорачан, одговорна е за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули. Членовите на оваа терористичка организација, со години, местејќи ги испитите, напредуваа во службите, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Членовите на ФЕТО инфилтрирани во судството, потоа во декември 2013 година, се обидоа низ наместен процес за наводна корупција да гонат голем број високи функционери во земјата.
Неколку години подоцна следеше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во турската Војска лојални на таа терористичка организација започнаа пуч. Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна, а на тоа, во повеќе наврати укажаа и турските функционери. Во текот на обидот за пуч во Турција, животот го загубија 251 лице, а ранети се повеќе од 2.000 лица.