Emre Aytekin
21 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Астрономите тврдат дека е можно мини сателитот на Нептун, Хипокамп, откриен во 2013 година од страна на вселенскиот телескоп „Хабл“, да бил отсечен од Протеј, еден од сателитите на оваа планета, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на интернет-страницата на американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА), истражувачите од Универзитетот „Калифорнија“ во САД, Истражувачкиот центар „Ames“ при НАСА и од Институтот SETI велат дека Хипокамп бил отсечен од големиот сателит на Нептун, Протеј, како резултат на ударот на метеор во него.
Истражувачите истакнуваат дека овој мини сателит со дијаметар од 34 километри се наоѓа на местото каде што претходно бил Протеј, на најнадворешната орбита на Нептун.
„Сателитите на планетите на надворешниот ѕид на Сончевиот систем често се изложени на удари на метеори“, рече Џек Лисауер од Истражувачкиот центар „Ames“ при НАСА.
„Овие два сателита (Хипокамп и Протеј) се еден драматичен пример дека сателитите понекогаш може да се формираат отцепувајќи се еден од друг преку метеорите“, додаде Лисауер.
Хипокамп, според грчката митологија, е едно суштество половина коњ, половина риба. Латинското име на морскиот коњ Hippocampus доаѓа од ова суштество.
Според правилата на Меѓународниот астрономски сојуз, сателитите на Нептун може да се именуваат само по морските суштества во грчката и римската митологија.
Резултатите на ова истражување се објавени во списанието „Nature“.