Bedrudin Brlyavac
22 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Милиони Американци го следат затемнувањето на Сонцето, прво во последните 99 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број жители на САД се упатија кон зоната на целосно затемнување, за да го следат ова необично искуство.
Земјата, Месечината и Сонцето се најдоа на иста замислена линија, па Месечината целосно го покри Сонцето.

Фотографите и обожавателите на природни феномени подготвија специјални објективи за да ја искористат можноста да направат колку што е можно подобри фотографии.
Целосното затемнување на Сонцето се случува во градовите од централниот дел на Америка, а делумно затемнување се гледа во северниот дел на континентот и во делови од Јужна Америка.
НАСА во живо го емитува затемнувањето на Сонцето, а повеќе од половина милион луѓе го следат затемнувањето на страницата на НАСА на „Facebook“ (Фејсбук).

Портпаролот на Американското астрономско друштво, д-р Рик Фејнберг, за АА изјави дека нивните експерти се распоредени низ САД и внимателно го следат овој природен феномен.
„Затемнувањето на Сонцето ќе го следиме без прекин речиси еден час и половина. Ова е забележано за првпат во историјата на астрономијата“, рече Фајнберг.
Американските медиуми затемнувањето го нарекуваат настан на годината.