Admir Fazlagic
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Граѓаните на Скопје денеска го искористија убавото и сончево време да уживаат во убавините кои ги нуди есента, јавува Anadolu Agency (AA).
Централното градско подрачје, во рамките на кое се наоѓа градскиот плоштад, улица Македонија, градскиот кеј и градскиот парк беа полни со луѓе од различни генерации кои времето го искористија за прошетка и дружење со своите најблиски.
Освен граѓаните на Скопје, можеше да се забележи и присуство на бројни туристи од земјите од регионот и пошироко кои го посетија главниот град на Република Македонија, правејќи фотографии од различни знаменитости по пои е препознатливо Скопје.
Дополнителна убавина на градот, но и самата атмосфера, на овој период му дава есента, која како нуди извонреден пејсаж и прекрасна глетка во која одмараат посетителите на градскиот парк.
Освен градските кафулиња и ресторани, познатите улици, во сончевото време уживаат и најмладите генерации, децата, кои се забавуваа, им им се восхитуваа на богатите содржини што ги нудат игротеките и градскиот плоштад.
Исто така, можност за релаксација и уживање во убавиот ден од викендот искористија и љубителите на животните, кои со своите миленичиња излегоа на прошетка.
Метеоролозите најавуваат дека сончевото и топлото време ќе трае уште утре, а дека од понеделник Македонија ја очекува дожд и снег.
Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека сончево и топло време со температура до 27 степени ќе се задржи и утре, а од понеделник ќе има заладување, облачно време со дожд и снег.