Emre Baştuğ
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
САРАЕВО (АА) - Харис Лагумџија (29) од Сараево, со години го чува гробот на својот „херој од детството” и првиот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изедбеговиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Лагумџија кој израснал со приказните за херојство на Изетбеговиќ, немал шанса да се сретне со пранешниот претседател на БиХ додека Изетбеговиќ бил жив.
Во 2010 година Лагумџија добива можност да чува стража пред гробот на Изетбеговиќ на херојските гробишта „Ковачи” и од тој ден досега, за Изетбеговиќ вели дека е негов „пријател”.
Лагумџија кој зборуваше со новинарот на АА, истакна дека за него е чест да го чува гробот на првиот претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ и гробовите на останатите херојски загинати борци. Тој стана лице кое им е познато на сите посетители на гробиштата „Ковачи”.
Лагумџија рече дека се чувствува многу посебен бидејќи работи на едно од најголеите херојски гробишта во Европа, додавајќи дека за него гробиштата имаат посебно значење бидејќи на нив се наоѓа гробот на Изетбеговиќ.
- „Неговиот гроб е често посетуван од луѓето кои го почитуваат неговото дело”
Лагумџија рече дека гробот на Изетбеговиќ често е посетуван од познати личности. „На неговиот гроб доаѓаат голем број личности кои се познати во светот. Познати светски државници и политичари, меѓу кои и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, потоа Ахмет Давутоглу, политичари од балканските земји и Блискиот исток.
Лагумџија истакна дека посетителите од Турција на гробот се молат за Изетбеговиќ.
Лагумџија рече дека Изетбеговиќ бил многу важна личност, како за БиХ, така и за светот, истакнувајќи дека тоа е личност кој со своето визионерство и добротворност се борел за независноста на земјата.

„Да имав можност, ќе ми претставување особено задоволство да го запознаам”, изјави Лагумџија.
- Кој е Алија Изетбеговиќ?
Алија Изетбеговиќ е роден во Босански Шамац во 1925 година. За време на втората светска војна, иетбеговиќ се бори против идеологијата на фашизмот, а по Втората светска војна, Изетбеговиќ е против комунистичкиот режим и неговата примена. Еден е од основачите на организацијата „Млади муслимани”, формирана од студенти.
За борбата која ја водеше за својот народ, на двапати беше приведен во 1946 и 1983 година. Во 1988 година е ослободен по добиената аболиција.
Во 1990 година ја формира и денеска најголемата партија во БиХ, Партија за демократска акција (СДА). Беше предводник во војната која на тлото на Босна и Херцеговина се водеше во периодот од 1992 до 1995 година.
Војната заврши со Дајтонскиот договор на 21 ноември 1995 година, а Изетбеговиќ беше еден од потписниците. Со овој договор Изетбеговиќ на својот народ му остави меѓународно призната држава.
Поради здравствени проблеми, во 2000 година се повлече од политичката сцена и го напушти Државниот претседателски советот. Почина на 19 октомври 2003 година во Сараево.