Etem Geylan
21 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска зборуваше за посетата на првиот претседател на Босна и Херцеговина (БиХ), Алија Изетбеговиќ, на ден пред неговата смрт, како и за аманетот кој му го оставил. Ердоган за Алија Изетбеговиќ рече дека историјата не ја ограничувал со својот век, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во Истанбул говореше на состанокот на Меѓународниот цивилизациски совет, а во таа прилика се потсети на првиот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, од чија смрт вчера навршија 14 години.
Турскиот претседател потсети дека Изетбеговиќ го посетил во болница само ден пред неговата смрт, и дека тогаш Изетбеговиќ му рекол: „Таип, вие сте потомци на Фатих Султан, овој простор на вас ви е во аманет, затоа чувајте го". Ердоган продолжи:
„Како можеме сега да го оставиме Мостар? Како да ја оставиме Дрина? Како можам сега да ја оставиме тамошната џамија на Султан Фатих? Секако, ние тоа никогаш нема да го оставиме. Сето ова се споменици кои се круна на нашата цивилизација. Таа цивилизација ги подигна таму како причина за постење. Од 15 век наваму".
Тој додаде дека оваа волја на Алија Изетбеговиќ, кој покрај голем државник, беше еден од најважните исламски мислители на нашиот век, во никој случај не беше само израз на неговата љубезност.
„Оние кои историјата не ја ограничуваат со периодот кои тие самите го живееле, оние кои успеваат да изградат мост меѓу минатото и иднината, тие поинаку гледаат на својата иднина. И Алија гледаше така. Фактот дека Босна ја даде во аманет на Турција, е манифест на неговиот цивилизациски хоризонт. Бидејќи, Алија виде и знаеше дека муслиманите само единствени, во заедништво и солидарност едни со други, можат да ја остварат својата цивилизациска мисла. Во таа смисла, она што денеска ни е неопходно кога станува збор за проблемите во исламскиот свет, е дека на оние кои во нив болно и очајно упаднаа, да им овозможиме на нив да погледнат од многу поширока перспектива", рече Ердоган.