Emel Öz Gözellik
21 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Астрономите открија ѕвезда, оддалечена од Земјата 184 светлосни години, која многу наликува на Сонцето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Португалскиот Институт за астрофизика и вселенски науки составен од меѓународна екипа спроведе истражување за откривање на „семејството на Сонцето“ во вселената. Во рамките на ова истражување, со помош на вселенската опсерваторија „Гаја“ на Европската вселенска агенција (ESA), истражени се хемискиот состав, движењето и староста на 17.000 ѕвезди во Млечниот Пат.
Со помош на спектрограф со висока резолуција за истражување на вселената, откриено е постоење на ѕвезда „близнак“ на Сонцето, стара 4,5 милијарди години, именувана како HD186302. Пресметано е дека новооткриената ѕвезда од Земјата е оддалечена 184 милијарди светлосни години.
За истражувањето се вели дека има големо значење во откривањето информации за создавањето на Сонцето и останатите ѕвезди.
Откритијата од истражувањето се објавени во списанието „Astronomy and Astrophysics“.