Emre Aytekin
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
ВАШИНГТОН/АНКАРА (AA) - Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) соопшти дека за време на истражувањето на вселената, вселенскиот телескоп Хабл забележал ѕвезда, оддалечена 9 милијарди светлосни години од Земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците на НАСА за време на истражувањето на експлозијата на супернова, сосема случајно, благодарение на специјален оптички ефект, успеале да забележат голема џиновска сина ѕвезда, која е најоддалечената ѕвезда забележана досега.
- Новооткриената ѕвезда е именувана „Икарус“ -
Истражувачката екипа предводена од Патрик Кели од Универзитетот Минесота во САД, на новооткриената ѕвезда ѝ го дaде името „Икарус“, кој е лик од грчката митологија што полетал со крилја изработени од пердуви, прицврстени со восок, а кога Икарус почнал да се доближува кон Сонцето, восокот почнал да се топи.
Научниците успеале да го визуелизираат Икарус благодарение на таканаречениот ефект на леќа „гравитациска рефракција“ во испитувањето на длабоката вселена, при што светлината што потекнува од далечните галаксии во заден план, се прекршува и искривува од гравитациската сила на галаксиите и галактичките остатоци.
Научниците при испитувањето на експлозијата на супернова во близина на галактичкото јато „MACS J1149+2223“, кое е оддалечено 5 милијарди светлосни години од Земјата, во 2016 година во внатрешноста на галактичкото јато забележале светлина која претходно не била забележана.
- „За првпат е откриена ѕвезда благодарение на ефектот на леќа“ -
Истражувачите, според извршената анализата на бојата, открија дека станува збор за сина џиновска ѕвезда. Екипата, за откриената ѕвезда во позадина, соопшти дека е откриена по промена на позицијата на една ѕвезда во галактичкото јато со големина приближна на нашето Сонце.
Истражувачите истакнуваат дека во претходните набљудувања на галактичките јата, ефектот на „гравитациска рефракција“, овозможува објектите во заден план да се зголемат приближно 600 пати. Во случајот со Икарус, научниците сметаат дека светлината забележана од оваа ѕвезда, поради споменатиот ефект е зголемена 2.000 пати.
Водачот на истражувањето, Кели, изјави: „За првпат имаме случај на откривање ѕвезда благодарение на ефектот на леќа. Забележуваме откривање автономни галаксии во длабочината на вселената, но оваа единечна ѕвезда, надвор од експлозијата на супернова, се наоѓа 100 пати подалеку од најблиската единечна ѕвезда која можеме да ја видиме.“
Истражувачот Кели во прв момент помислил дека станува збор за супернова, но по спроведеното истражување, откриено е дека забележаната светлина не потекнува од извор како што е експлозија, туку дека станува збор за фиксен извор на светлина, чиј интензитет е зголемен поради ефектот на леќа.