Selma Kasap
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
АНКАРА (АА) – Група физичари од Средноисточниот технички универзитет (ОДТУ) во Турција окрија голема ротациска аномалија (glitch) во периодот на ротација од 18 минути на неутронската ѕвезда SXP 1062 во нејзиниот бинарен ѕвезден систем, кој е една од најгустите супстанции во вселената. Со ова откритие кое предизвика голема возбуда во научниот свет и влезе во научната литература, беа решени непознатите во врска со периодот на бинарната ѕвезда и густата содржина на супстанциите во внатрешноста на ѕвездата.
Проф. д-р Алтан Бајкал, професор на Одделот за физика во ОДТУ, во изјава за Anadolu Agency (AA) истакна дека ѕвездите со голема маса на кои им завршува горивото имаат масивна експлозија на самиот крај, и при тоа се формира ново небесно тело.
Истакнувајќи дека новото тело може да биде бело џуџе, неутронска ѕвезда или црна дупка, Бајкал вели дека неутронските ѕвезди формирани на овој начин имаат многу силни магнетни полиња.
Бајкал нагласи дека неутронските ѕведи кои за првпат со набљудување се откриени во 1968 година, имаат дијаметар од 10 километри и под нивните обвивки, кои се потенки од еден километар, се наоѓа суперфлуидна течност. Тој додаде дека во ОДТУ ваквите анализи со неутронските ѕвезди се направени со користење на архивските податоци добиени со набљудување од сателитите со X зраци.
Исто така, Бајкал нагласи дека по тригодишни набљудувања го откриле орбиталниот период на неутронската ѕвезда наречена SXP 1062, која е една компонента на бинарниот ѕвезден систем. „Како резултат на набљудувањата откривме дека орбиталниот период на оваа неутронска ѕвезда е 656 дена. Во анализите на тајмингот видовме дека во периодот на ротацијата на изворот, кој изнесува 18 минути, има една голема аномалија“, додаде тој.
- „Ново откритие“ -
Бајкал пренесе дека претходно во научната литература постоеле информации дека овие ѕвезди кои покажуваат аномалии во периодот на ротацијата, се единечни неутронски ѕвезди.
„Сепак, во направените анализи за првпат откривме дека во една од неутронските ѕвезди во бинарните системи има ротациска аномалија која на англиски се вика ‘Glitch’. Во астрономијата, бинарните ѕвезди кои испуштаат X-зраци се набљудуваат со сателит од 1973 година. Од тој датум, за првпат, ние како екипа на ОДТУ откривме една голема аномалија во периодот на ротацијата околу себе на еден извор во бинарниот ѕвезден систем. Оваа аномалија произлегува од интеракцијата на густата маса во внатрешноста на ѕвездата, со нејзината обвивка, што не може да се набљудува во лабораторија. Ова може да се замисли како земјотрес, но, како во оваа ѕвезда, тоа предизвикува неочекувана аномалија во временскиот период“, додаде тој.
Истакнувајќи дека научниците во светот се во потрага по откритија во астрономијата за неутронските ѕвезди, Бајкал вели дека ова ротациска аномалија во неутронската ѕвезда претходно била тајна за научниот свет.