наука и технологија

Телескопот „Хабл“ ја фотографираше галаксијата „Месје 49“

НАСА ја објави фотографијата на елиптичната галаксија, која е еден од ѕвездените групи на соѕвездието Девица. Фотографијата е снимена од страна на вселенскиот телескоп „Хабл“

Emre Aytekin  | 25.03.2019 - Обновена : 27.03.2019
Телескопот „Хабл“ ја фотографираше галаксијата „Месје 49“

АНКАРА (АА) - Вселенскиот телескоп „Хабл“ ја фотографираше галаксијата „Месје 49“ („Messier 49“), која се наоѓа на далечина од 56 милиони светлосни години од Земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) ја објави фотографијата на елиптичната галаксија, која е еден од ѕвездените групи на соѕвездието Девица. Фотографијата е снимена од страна на вселенскиот телескоп „Хабл“.

На фотографијата се забележуваат ѕвезди и црвени облаци од прашина кои се протегаат од светлосниот зрак во центарот на галаксијата кон околината.

Се вели дека галаксијата, која е откриена во 1771 година од страна на францускиот астроном Шарл Месје, поседува околу 200 милијарди ѕвезди и има дијаметар од 157 илјади светлосни години.

Експертите на НАСА велат дека галаксијата Месје 49, која може да се набљудува од северната хемисфера, поради нејзината елиптична форма има помеки и неопределени линии во споредба со спиралните галаксии чија форма е сликовита и јасна. Според нив, елиптичните галаксии поседуваат постари ѕвезди, па затоа имаат побледа боја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın