Selçuk Acar
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) на САД соопшти дека нивниот вселенски телескоп Kepler открил 10 планети надвор од Сончевиот систем, со големина на нашата планета Земја, а на тие планети постои можност за живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувачката група Кеплер на НАСА, соопшти дека нивниот вселенски телескоп Kepler открил нови 10 планети со големина на нашата планета Земја, на кои постои можност за живот. Вселенскиот телескоп Kepler откри илјадници планети, но се истакнува дека меѓу новооткриените планети со големина на нашата Земја, кај десетина е голема можноста да постојат услови за живот.
Марио Перез, научник од одделот за астрофизика при Дирекцијата за научна мисија на НАСА во Калифорнија, даде изјава во врска со последните откритија. „Разбирањето на фреквенциите во галаксијата и директното набљудување на еден друг свет, ќе овозможи информативна поддршка за обликување на идните мисии на НАСА“, изјави Перез.
Во објавеното истражување на научниците се наведува дека вселенскиот телескоп Kepler открил вкупно 4.034 потенцијални планети, а од нив 2.335 се наоѓаат надвор од галаксијата Млечен Пат.
Вселенскиот телескоп којшто е именуван според ренесансниот научник Јоханес Кеплер, за првпат почна да врши опсервација на вселената на 7 март 2009 година. И покрај проблемите со коишто се соочи вселенскиот телескоп Kepler, тој продолжи со својата задача во 2013 година.
Благодарение на вселенскиот телескоп James Webb (Џејмс Веб), од новата генерација, кој треба да започне со опсервација во октомври 2018 година, научниците се надеваат дека ќе бидат во можност да изработат понапредни анализи на планетите што беа пронајдени од страна на телескопот Kepler.