Fuat Kabakçı
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ПЕКИНГ (АА) - Компанија што се занимава со е-трговија во Кина почна да нуди услуги за испорака со робот, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Синхуа“ објави дека компанијата „Jingdong“ (Џингдонг) првиот пакет преку беспилотниот курир робот го испрати до Универзитетот „Ренмин“, во Пекинг.
Роботот се движи со брзина од неколку километри на час и одеднаш може да транспортира товар од 50 килограми.
Возилата имаат ласерски радар и камери што им овозможуваат да ги избегнат пречките на патиштата и да ги препознаат семафорите.
Овие механички курири ја користат најсоодветната рута, а клиентот пет минути пред доставата добива известување.
Пакетот може да се преземе со употреба на код или со користење на систем за препознавање лица, со кој е опремено возилото.
Компанијата планира флотата на роботи-курири оваа година да ја зголеми до 100 и да ги користи во Пекинг, Хангџоу во провинцијата Џеџанг, Си’ан и во Шенси.