Aybala Arpacı
09 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
АНКАРА (АА) – Пронајдени се фосилни остатотоци за кои се верува дека припаѓаат на праисториски луѓе од пред 700 илјади години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според последните наоди кои се објавени во списанието Nature, на индонезискиот остров Флорес, во областа Мата Менге, биле откриени фосили на еден возрасен човек и на две деца.
Научниците посочуваат дека фосилите датираат од пред 700 илјади години, но беше истакнато дека освен фосилите, во Мата Менге пронајдени се и камени алатки кои датираат од претходите периоди.
Остатоци во форма на коска од долна вилица со заби во оваа област за прв пат беа откриени во 2004 година и привлекоа големо внимание и интерес но предизвикаа и полемика околу нивното потекло, при што беше утврдено дека претставуваат претставници на човековите предци.
Научниците сметаат дека фосилите им припаѓаат на првите праисториски луѓе кои имале нормална големина, откако го населиле островот Флорес во Индонезија, релативно брзо почнале да развиваат висина колку Хобитите.
На островот Флорес пред 12 години беа пронајдени фосили од Хобитите со должина од еден метар, за кои првенствено се сметало дека живееле пред 12 илјади години. Нивното пронаоѓање предизвика голем оддек во светот на науката. Во подоцнежните истражувања, беше утврдено дека Хобитите живееле пред 50 до 60 илјади години.