Ayşe Aktaş
24 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
АНКАРА (АА) - Астрономите дадоа детален приказ на Антарес, ѕвезда од класата црвен суперџин, која е позната како 15. најсјајна ѕвезда на небото во галаксијата Млечен пат, а се наоѓа во созвездието Шкорпија, јавува Anadolu Agency (AA).
Астрономите од Чиле и од Германија дадоа приказ на брзината на материјата во атмосферата на ѕвездата Антарес, која е најсјајната ѕвезда во созвездието Шкорпија, а од Сонцето е одалечена 554 светлосни години. Астрономите за првпат направија приказ на брзината на материјата на една ѕвезда, покрај она на Сонцето од нашиот систем, при што е откриено дека во надворешната атмосфера на Антарес има неочекувани турбуленции.
Д-р Кеичи Онака (Keiichi Ohnaka) и неговата екипа од католичкиот Универзитет Северно Чиле, со цел да ги набљудуваат движењата на гасовите во атмосферата на Антарес, го користеа Многу големиот телескоп (VLT) кој е дел од Европската јужна опсерваторија (ESO) сместена на висорамнината Серо Паранал во Чиле.
Д-р Онака изјави дека речиси сѐ уште не е разрешена 50-годишната мистерија за тоа како ѕвездите како Антарес во својата последната фаза толку бргу ја губат својата маса.
Според д-р Онака, „Мерењето на движењето на гасот во надворешната атмосфера на Антарес е можно само со со помош на VLT, истакнувајќи дека реализацијата на ова мерење претставува многу значаен чекор. Следниот предизвик е откривање на причините за турбулентните движења“.
Во рамките на истражувањата на астрономите, за првпат е направен дводимензионален приказ на една ѕвезда, покрај она на Сонцето од нашиот систем. Астрономите додадоа дека на Антарес откриле поголеми бранувања од очекувањата и гас со мала густина.
Дијаметарот на ѕвездата Антарес е 700 пати поголем од дијаметарот на Сонцето во нашиот систем.