Zehra Ulucak
23 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Англиските истражувачи велат дека 10 порции од по 80 гр овошје и зеленчук дневно го продолжува животниот век, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон соопштија дека оние што јадат 10 порции овошје и зеленчук дневно нема да бидат дел од 7,8 милиони лица, на годишно ниво, кои прерано умираат.
Истражувачите во 95 одделни истражувања ја следеле исхраната на околу 2 милиони лица и извршиле анализа на добиените податоци.
Истражувачите посочуваат на одредени видови овошје и зеленчук што го намалуваат ризикот од рак и од кардиоваскуларни проблеми, а нивната слаба застапеност во исхраната отвора пат за овие болести.
Двесте грама овошје и зеленчук дневно може да ги намали ризиците за болести на срцето и на крвните садови за 13%, ризикот од рак за 4%, додека ризикот од прерана смрт за 15%.
- Со поголема консумација се намалува ризикот -
Доколку дневно во својата исхрана употребувате 800 грама овошје и зеленчук, тогаш намалувањето на ризиците од срцеви заболувања и болести на крвните садови изнесува 28%, ризикот од рак се намалува за 13%, додека ризикот од прерана смрт е намален за 31%.
За време на истражувањето, една порција била еквивалентна на 80 грама. Тоа е соодветно на малечка банана, крушка или три полни лажици спанаќ или грашок.
Истражувањето го водел д-р Дагфин Он, кој изјави: „Употребата на овошјето и зеленчукот овозможува да се намали холестеролот во крвта и крвниот притисок, што овозможува подобрување на циркулацијата на крвта и зајакнување на имунолошкиот систем. Овошјето и зеленчукот содржат антиоксиданси коишто го намалуваат оштетувањето на ДНК и овозможуваат да се намали ризикот од рак“
Ова истражување е објавено во „Меѓународно списание за епидемиологија“.