Emre Aytekin
12 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
АНКАРА (АА) – Астрономите од британскиот Универзитет Лестер информираа дека во северната сфера на Јупитер, на термосферскиот слој на голема височина утврдиле дека постои затемнета област долга 24.000 километри, а широка 12.000 километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Се претпоставува дека затемнетата област е предизвикана од магнетното поле на планетата, со енергијата на спектакуларната поларна аурора на масивната планета во атмосферата на планетата, којашто атмосфера е обвиена со големо количество гасови, од кои најголем дел го сочинуваат водородот и хелиумот. Затемнетата област е именувана како „голема студена дамка“, поради тоа што е постудена за разлика од нејзината околина.
Научниците во истражувањето го користеа телескопот наречен Многу Голем Телескоп, кој ѝ припаѓа на Европската јужна опсерваторија, а се наоѓа во пустината Атакама во Чиле. Мерејќи ги водородните емисии на H3+, елемент којшто на Јупитер го има во изобилство, истражувачите направија мапа за средната температура и за интензитетот на топлината во атмосферата на планетата.
Подоцна, научниците овие мерења ги споредија со мерењата од јоносферата на Јупитер, кои се направени со Инфрацрвениот телескоп на НАСА на Хаваите, при што утврдиле дека постои голема темна и студена област во топлата зона на високите места во атмосферата, во северниот дел на планетата. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Геофизикал Рисрч Летерс“ (Geophysical Research Letters).