Umur Koçak Semiz
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Астрономите соопштија дека е откриена засега најтоплата планета во вселената, јавува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањето коешто е објавено во списанието „Nature“ (Природа), температурата на површината на планетата именувана како „KELT-9b“, која наликува на Јупитер, достигнува 4.300 степени.
Оваа температура е многу поголема од температурата на површината на голем број ѕвезди од галаксијата Млечен Пат, во кој се наоѓа и нашиот Сончев систем. Температурата на површината на „KELT-9b“ е за 1.200 степени помала од температурата на површината на нашето Сонце, која изнесува 5.500 степени.
Поради високата температура, во атмосферата на оваа планета не постојат молекули на вода и јаглерод диоксид. „KELT-9b“ за време од 36 часа успева да ја измине својата орбита околу ѕвездата „KELT-9“. Оваа планета е 2,8 пати поголема од Јупитер, но нејзината маса е половина од онаа на Јупитер.
- Од Земјата е оддалечена околу 650 светлосни години -
Благодарение на телескопот „KELT“, кој се наоѓа во опсерваторијата „Winer“, сместена во американската сојузна држава Аризона, забележано е дека ѕвездата „KELT-9“, околу којашто се движи планетата „KELT-9b“, е двапати поголема и двапати потопла од Сонцето во нашиот Сончев систем.
- „Се разликува од сите досега откриени планети“ -
Проф. д-р Скот Годи, од Универзитетот по астрономија во Охајо, кој го води истражувањето, изјави: „KELT-9b“, според масата што ја поседува наликува на останатите планети, но од аспект на атмосферата, се разликува од сите досега откриени планети“.
Проф. д-р Кејван Стасун од Универзитетот за астрофизика во Вандербилт истакна: „Sвездата „KELT-9“ зрачи толку голема емисија на ултравиолетови зраци, што постои можност планетата „KELT-9b“ во потполност да биде претворена во пареа и да исчезне. Затоа јадрото на планетата „KELT-9b“ се состои од црста карпа“.