Ekipa
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија вчера ја лансираше својата најтешка ракета, соопшти индиската вселенска агенција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ракетата „Geosynchronous Satellite Launch Vehicle Mark III (GSLV Mk III)“ беше лансирана со помош на комуникациски сателит од островот Шрихарикота, во близина на Андра Прадеш, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO).
Ракетата тешка 640 тони ќе ѝ овозможи на Индија поголема способност да испрати свои или комуникациски сателити на другите земји, и да стане четврта земја што ќе испрати човек во вселената.
„Оваа мисија е важна бидејќи ова е досега најтешката ракета и сателит кои се лансирани од Индија“, истакна претседателот на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO), Киран Кумар.
„GSLV Mk III“ може да носи товар во орбитата повеќе од три тони.
„Им честитам на посветените научници на ИСРО за успешното лансирање“, напиша на Твитер, премиерот Нарендра Моди.