Ekipa
12 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
МАДРИД (АА) - Агенцијата на ЕУ за контрола на гранциите, Фронтекс, соопшти дека бројот на илегални преминувања на границите на ЕУ во март се зголемил за 10 отсто, односно за 13.000 во однос на месец претходно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата со седиште во Варшава соопшти дека во споредба со истиот период минатата година, вкупниот број на илегални преминувања на границите во првиот квартал на 2017 година паднал за 70 отсто, на 32.540 преминувања.
Италија и понатаму е под најголем притисок на мигрантите, каде што во изминатиот месец се откриени 10.800 илегални преминувања на границата. Во првите три месеци од оваа година се забележани 24.250 влегувања во таа земја. Поголемиот дел од мигрантите доаѓаат од Бангладеш, Нигерија, Гвинеја, а со подобрувањето на временските услови, во пораст е доаѓањето на мигрантите од Еритреја и од Сомалија.