Diyar Güldoğan
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Европскиот совет денеска ги продолжи рестриктивните мерки против Венецуела за една година, пренесува Аnadolu Agency (AA).
„Со оглед на тековната политичка, економска, социјална и хуманитарна криза во Венецуела со постојаните активности на поткопување на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, денеска Советот ги продолжи рестриктивните мерки против Венецуела за една година, до 14 ноември 2020 година“, се вели во соопштението на Советот.
Во соопштението се додава дека во мерките се вклучени и ембаргото на оружје, како и забрана за патување и замрзнување на средствата на 25 лица на службени позиции.
„Овие мерки се наменети да помогнат во охрабрувањето на демократските решенија со цел да се донесе политичка стабилност во земјата и да ѝ се овозможи да одговори на итните потреби на населението“, додаде тој.
Од почетокот на годината, во Венецуела владеат политички немири, бидејќи претседателот Николас Мадуро и лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, се впуштија во битка за моќ, додека економијата на земјата е во нагол пад, по глобалниот пад на цената на суровата нафта - главниот извоз на земјата.
„Речиси 5.000 луѓе ја напуштаат Венецуела секој ден поради нестабилноста и неизвесноста од економската и политичката криза, а од 2015 година земјата ја напуштија 3 милиони Венецуелци“, се вели од Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (ОН).