свет

Во борбата против терористите во северна Сирија загинаа 198 војници на СНВ

Портпаролот на Сириската национална војска (СНВ) за АА изјави дека ќе продолжат да се борат против терористите на ЈПГ/ПКК, кои го игнорираат Договорот меѓу Турција и Русија за создавање на безбедносна зона

Davut Demircan  | 11.11.2019 - Обновена : 11.11.2019
Во борбата против терористите во северна Сирија загинаа 198 војници на СНВ

ТЕЛ АБЈАД/РАС АЛ АЈН (АА) - Најмалку 198 војници на Сириската национална војска (СНВ) загинаа во нападите од страна на терористите на ЈПГ/ПКК од почетокот на антитерористичката операција на Турција во северниот дел на Сирија, јавува Аnadolu Agency (AA).

Според командантите на Сириската национална војска (СНВ), за време на операцијата „Извор на мирот“ повредени се вкупно 643 нејзини војници, а еден војник е исчезнат.

Портпаролот на СНВ, Јусуф Хамуд, за АА изјави дека тие ќе продолжат да се борат против терористите на ЈПГ/ПКК, кои го игнорираат Договорот меѓу Турција и Русија за создавање на безбедносна зона.

„ЈПГ/ПКК не го почитува Договорот меѓу Турција и Русија. Таа сѐ уште ги напаѓа нашите фронтови и цивилите во ослободените подрачја“, изјави Хамуд.

Војниците на Сириската национална војска продолжуваат со своите активности за потрага и расчистување на регионот, уништувајќи импровизирани експлозиви поставени од терористите и ги чуваат линијата на фронтот и подрачјето расчистено од терористите.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Анкара и Москва постигнаа договор според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат 30 километри јужно од турската граница со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили на Турција и Русија ќе вршат заеднички патроли во тоа подрачје.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın