Потврдени вести

Поддржувачите на ЈПГ/ПКК продолжуваат да шират лаги за операцијата „Извор на мирот“

На социјалните мрежи сѐ почесто се појавуваат информации, фотографии и видеоснимки направени на различни места во различно време, а кои симпатизерите на терористите се обидуваат да ги претстават како да настанале при операцијата „Извор на мирот“

Enes Canlı  | 16.10.2019 - Обновена : 17.10.2019
Поддржувачите на ЈПГ/ПКК продолжуваат да шират лаги за операцијата „Извор на мирот“

АНКАРА (АА) - На социјалните мрежи продолжи ширењето на дезинформации за операцијата „Извор на мирот“, која турските сили на 9 октомври ја започнаа со цел воспоставување мир и безбедност во Сирија и уништување на коридорот кој терористите настојуваат да го оформат јужно од границата со Турција. Овој пат се злоупотребени фотографии на оклопни возила во пламен, јавува Anadolu Agency (AA).

На социјалните мрежи сѐ почесто се појавуваат информации, фотографии и видеоснимки направени на различни места во различно време, а кои симпатизерите на терористите се обидуваат да ги претстават како да настанале за време на операцијата „Извор на мирот“.

Поддржувач на терористичката организација се обиде фотографија со тенк во пламен направена во април 2003 година во Ирак да ја претстави како да настанала за време на операцијата „Извор на мирот“.

Профилите блиски на терористичката организација ЈПГ/ПКК не се воздржаа дури да злоупотребат и фотографија од Првата заливска војна.

Фотографијата со тенк на силите во пламен е направена во Кувајт, во февруари 1991 година, а поддржувачите на терористичката организација се обидоа да ја претстават како да настанала во операцијата „Извор на мирот“.

Симпатизер на ЈПГ/ПКК сподели фотографија со оклопно возило со опис дека во Тел Абјад е уништен тенк на Турската војска. Вистина е дека споменатата фотографија настанала во април 2017 година во Ирак.

Профил близок на терористите успеа фотографија од возило во пламен направена во Сирија во 2012 година да ја прикаже како да настанала за време на операцијата „Извор на мирот“.

Симпатизерите се обиделе и фотографијата со тенк направена во август 2012 година во Сирија да ја претстават како да настанала за време на операцијата „Извор на мирот“.

Манипулаторите се обиделе да злоупотребат и фотографии на воени возила, настанати на 2 октомври во Јемен, кои ги пласираат како да настанале за време на операцијата „Извор на мирот“.

Поддржувачите на терористичката организација манипулираа со содржини и ширеа дезинформации и за време на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.