Enes Canlı
17 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на обидите на социјалните мрежи за оцрнување на операцијата „Извор на мирот“, која започна со цел оневозможување на формирањето терористички коридор долж јужната граница на Турција и обезбедување мир и спокојство во регионот, злоупотребени се снимките на „палестинското храбро девојче“ Ахед ел Темими, кое стана симбол на палестинскиот отпор против израелската окупација, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК на социјалните мрежи продолжуваат со обидите за манипулирање, со снимки снимени на други настани и во друг период против операцијата „Извор на мирот“, а овој пат манипулираа со снимките на Темими, која стана симбол на палестинскиот отпор.
Еден профил на социјалните мрежи ги објави снимките на отпорот што Темими го покажа против израелските војници за време на приведувањето на нејзиниот брат во 2012 година, при што врз израелското знаме го монтираше турското знаме со цел да создаде друга перцепција.
Темими ја доби наградата за храброст „Ханзала“ во Истанбул поради нејзиниот храбар став против израелските војници.
Таа, исто така, се состана и со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кога тој ја вршеше функцијата премиер.