Orhan Onur Gemici
13 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ, кои се подготвувале за напад на регионот „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, Турските вооружени сили продолжуваат со превентивните операции против терористите во северна Сирија.
Во овој контекст, неутрализирани се четворица терористи на ПКК/ЈПГ за кои е утврдено дека се подготвувале за напад на регионот на „Извор на мирот“.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.